Приватна установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица

Се грижиме за Вас и Вашите најблиски!

Заедница во која секој постар човек е почитуван и почестен.

Заедно, им овозможуваме на постарите луѓе да ја задржат својата индивидуалност, обезбедувајќи им го најпотребното за да се поддржи исполнет и достоинствен живот.

0 +

Години постоење

"Наша мисија е да пружиме соодветна нега на секој корисник, со ставање акцент на грижата за физичкото, и психичкото здравје на корисниците"

За Нас

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ СВ.СПАС?

Св Спас веќе 11 години успешно го предводи тим на професионален персонал составен од лекари, медицински сестри, физиотерапевти, социјални работници и негователи, чија главна цел е почитување на потребите на штитениците и постигнување на оптимална здравствена состојба во дадените околности.

Покрај задоволување на основните биолошки потреби и мадицинска нега во Св Спас посветуваме особено внимание на социјално-емотивните потреби на нашите штитеници, затоа во нашиот дом преовладува пријатно опкружување и семејна атмосфера.

Приватна установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица

Медицинска нега 24 часа

Обезбедуваме 24 часовна медицинска нега од страна на стручен медицински персонал, која вклучува следење на здравствената состојба, како и примена на соодветна терапија.

Здравствена нега

За сите специјализирани услуги, се организираат посети на доктори специјалисти, кои доаѓаат по потреба на штитениците.

Стручна подршка

На располагање ви стојат лекари-специјалисти од областа на интерна медицина, неврологија, урологија, ортопедија и радиологија.

Нашите Услуги

Регионален центар за заштита, нега и рехабилитација на стари лица

Обезбедуваме квалитетни услуги за интегрирана нега, заштита и сместување во нашата заедница, во нашето големо семејство исполнето со меѓусебна љубов, емпатија и почит овозможувајќи им на нашите штитеници секогаш да почувствуваат независност, индивидуалност, достоинство и квалитет на живот во безбедна и поддржувачка средина.

Нега од медицински персонал и специјализирани негователи со лиценца за работа.

Вежби

Прошетки во природа

Медицинска нега 24 часа

Посебна соба за работна терапија за лица со деменција

Музикотерапија

Уметничка окупација

СВЕДОШТВА

Јованка Штитеничка

После операција на колк овде поминав скоро 8 месеци. Дојдов со многу тешки болки и декубитус... Благодарение на медицинскиот тим сега излегувам од Св Спас опоравена и на свои нозе секако со припомош на бастун. Ви благодарам Св Спас единствени сте!

Добри Штитеник

Откако почина мојата сопруга се чувствував уништено. Одлучив да дојдам во Св Спас и не погрешив, тука сум веќе 3 години и премногу сум благодарен што постои ваква установа и стручни лица, во мене повторно се врати желбата за живот, вербата во себе дека умеам да продолжам и сам понатаму во животот и пред се позитивната мисла.

Петра Штитеничка

После операција на колк на мојата мајка ја донесов на рехабилитација во Св Спас. Со оглед на годините (83) не ни помислував дека некогаш ќе може да застани на свои нозе. Благодарение на професионализмот на сите вработени во домот, мајка ми повторно се движи и голем дел од обврските си ги извршува сама.

Митре Штитеник

Св Спас не е само дом за стари лица, тоа е центар за физикална терапија и рехабилитација, тоа го тврдам јас како корисник на нивните услуги после мозочниот удар. Голема благодарност до тимот.

Стојна Штитеничка

Повторувам во Св Спас се чувствувам одлично, не осекам осаменост како кога бев сама дома, се чувствувам сигурно, заштитено во топлиот фамилијарен амбиент.

Галерија

Излечи го духот, телото и психата