Центар за рехабилитација

НАШИТЕ УСЛУГИ

Приватна установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица

Обезбедуваме квалитетни услуги за интегрирана нега, заштита и сместување во нашата заедница, во нашето големо семејство исполнето со меѓусебна љубов, емпатија и почит овозможувајќи им на нашите штитеници секогаш да почувствуваат независност, индивидуалност, достоинство и квалитет на живот во безбедна и поддржувачка средина.

Св Спас веќе 12 години успешно го предводи тим на професионален персонал составен од лекари, медицински сестри, физиотерапевти, социјални работници и негователи, чија главна цел е почитување на потребите на штитениците и постигнување на оптимална здравствена состојба во дадените околности.

Покрај задоволување на основните биолошки потреби и мадицинска нега во Св Спас посветуваме особено внимание на социјално-емотивните потреби на нашите штитеници, затоа во нашиот дом преовладува пријатно опкружување и семејна атмосфера.

Св Спас најголем регионален центар за рехабилитација на стари и изнемоштени лица. Сместување во капацитети целосно прилагодени за вашите најмили.

Нега од медицински персонал и специјализирани негователи со лиценца за работа.

Вежби

Прошетки во природа

Медицинска нега 24 часа

Посебна соба за работна терапија за лица со деменција

Музикотерапија

Уметничка окупација

Главен акцент се става на безбедноста на лицата со деменција, како и на пронаоѓање на соодветна терапија која ќе им овозможи на лицата со деменеција мирна и достоинствена старост

Придружете ни се

Се грижиме за вас и вашите најблиски