За Нас
Св Спас веќе 12 години успешно го предводи тим на професионален персонал составен од лекари, медицински сестри, физиотерапевти, социјални работници и негователи, чија главна цел е почитување на потребите на штитениците и постигнување на оптимална здравствена состојба во дадените околности.
Покрај задоволување на основните биолошки потреби и мадицинска нега во Св Спас посветуваме особено внимание на социјално-емотивните потреби на нашите штитеници, затоа во нашиот дом преовладува пријатно опкружување и семејна атмосфера.
Наша визија, мисија и вредности
Заедно, им овозможуваме на постарите луѓе да ја задржат својата индивидуалност, обезбедувајќи им го најпотребното за да се поддржи исполнет и достоинствен живот.
Нашата успешна приказна се должи пред се на довербата што ја добиваме од нашите клиенти, посветеноста, љубезноста, емпатијата, почитта и грижата кон нашите штитеници.
Работиме заедно со нашите штитеници, така што придонесот на секој човек ја унапредува нашата заедничка цел.
Одлучни сме и креативни во изнаоѓањето начини кои даваат одлични резултати.
Ја славиме различноста, осигурувајќи се дека сите се добредојдени и рамноправно третирани.
Ја сфаќаме нашата одговорност сериозно и достојни сме за довербата што ни се дава.
Обезбедуваме 24 часовна медицинска нега од страна на стручен медицински персонал, која вклучува следење на здравствената состојба, како и примена на соодветна терапија.
За сите специјализирани услуги, се организираат посети на доктори специјалисти, кои доаѓаат по потреба на штитениците.
На располагање ви стојат лекари-специјалисти од областа на интерна медицина, неврологија, урологија, ортопедија и радиологија.
Семејната атмосфера е најважна за благосостојбата на вашите најмили. Нашите штитеници ги охрабруваме да си ги декорираат своите апартмани според сопствените желби, со своите омилени предмети и слики и со себе да си ги донесат работите кои имаат особено значење за нив. Организираме заедничко дружење, роденденски забави, празнични прослави, организираме танцови и музички вечери, исто така читање на поезија, квизови, друштвени игри и шах. Покрај социјализација со останатите штитеници, вашите најблиски имаат на располагање професионален тим од областа на психо-социјална рехабилитација, поддршка од социјален работник, андрагог и медицински сестри кои се грижат за менталното здравје и социо-емотивните потреби на нашите штитеници.
Без разлика на возраста негуваме животен стил за покретни и непокретни корисници, од страна на тимот за физикална терапија и рехабилитација предвидени се групни и индивидуални вежби. Непокретните штитеници имаат подобрување на здравствената состојба од пасивните вежби како и физиотерапијата во вид на масажа, и други техники со цел спречување на настанување на декубитус.
Одлуката во врска со сместувањето и грижата за своите родители, блиски роднини, баби и дедовци да им ја препуштете на непознати личности е многу тешка. Чувството на стабилност и безбедност е незаменливо. За таа цел тука сме за вас. Професионалниот персонал на Св Спас е спремен да одговори на вашите прашања, да ве посоветуваме и охрабриме.
Моментот кога ќе одлучите да ја доверите вашата доверба во Св Спас, за вас сме на располагање 24 часа редовно и благовремено да ве информираме за состојбата и секоја промена низ која поминува вашиот најблизок, да ве сослушаме и одговориме на вашите барања и желби, заеднички да придонесеме за радоста и насмевката на лицата на нашите најмили. Заедно до достоинствена старост како што на секој му доликува.
На располагање ви стојат лекари-специјалисти од областа на интерна медицина, неврологија, урологија, ортопедија и радиологија, кои детално ќе ја разгледаат здравствената состојба на сите наши штитеници.
Комплетен физикален преглед од тим од лекар и медицинска сестра.
Ординирање перорална терапија, интрамускулна, субкутана, инфузиона
Третман на декубит, постоперативни рани
Промена на уринарен катетер кај имобилизирани пациенти од страна на лекар по сите асептични правила
Секаков тип на медицинска преврска
Нашата мисија е да се грижиме за нашите штитеници со врвно сместување како и врвна медицинска нега.
Сакаме да Ве информираме, од прва рака, за актуелни новитети во нашата Установа што веруваме би Ве интересирале.
Copyright © 2023